ДДХост го поддржа програмерскиот 24 часовен маратон - Codefest

  • Wednesday, 20th February, 2013
  • 03:14am
ДДХост го поддржа програмерскиот 24 часовен маратон - Codefest, кој се одржа на 16-ти февруари на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Апликацијата на тимот „Gryffindor“, составен од три млади информатичарки ја понесе првата награда за компјутерската игра „Mystery Mansion“ за оперативниот софтвер Windows  8. Второпласирана беше екипата „Agile“, додека третопласиран е тимот „Not Available“, со нивниот веб-портал за менаџирање на финансии.

Организаторите изразуваат очекувања дека претставените апликации на натпреварувањето наскоро ќе се најдат на Мicrosoft пазарите, а Организаторите очекуваат „Codefest“ да прерасне во традиција што секоја година ќе се одржува на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.
 
ДДХост им честита на добитниците и им посакува понатамошни успеси.
« Назад